Радио Милева размислувал да се повлече

Дино Мерлин откри непознати детали од неговиот живот: „Имаше период кога живеев како билка, не ме интеренсираше ни животот, ни смртта“

Дино Мерлин откри непознати детали од неговиот живот: „Имаше период кога живеев како билка, не ме интеренсираше ни животот, ни смртта“

Пејачот Дино Мерлин откри непознати детали од неговиот живот.

Тој се потсети на периодот кога работел во една фабрика и ги запишувал песните на мрсна хартија.

„Ми се потсмевнуваа бидејќи пишував песни“ изјави музичарот, па додаде како секогаш им зборувал дека ќе го гледаат на телевизија, што и се исполни.

Мерлин е роден во Сараево, па се потсети на деновите од војната кога гледал како умирале неговите пријатели, колеги и менаџерот.

„Беше како на лотарија, ако излезете надвор не се знаеше дали ќе се вратите“ вели Мерлин.

Тој зборуваше и за неговата врска со Амел Дервишхалидовиќ чии родители се противеле на нивниот брак. Тој вели дека ја „украл“ од родителите, а заедно се повеќе од четири децении.

Мерлин призна дека кон крајот на 90тите размислувал да се повлече од сцената.

„Ова ќе го кажам за првпат, во еден од периодот бев многу болен. Имав тешка депресија, тоа не му го посакувам на никој. Ништо не ме интеренсираше, ни живот, ни смрт. Тоа беше период кога живеев како билка. Се и сешто ми паѓаше на памет, размислував да  ја напуштам музиката. Но, одлучив да продолжам и во 2000 го снимив албумот на кој сум многу горд“, изјави пејачот.

Тој изјави дека се надева дека во 2022 година ќе може да одржи голем концерт.

To top