Радио Милева

Димитар ја прозва Сара Мејс: „Детево од мало сфати со кого ќе си има работа“

Димитар ја прозва Сара Мејс: „Детево од мало сфати со кого ќе си има работа“

Водителот Димитар Атанасовски и неговата сопруга, пејачката Сара Костадинова претходната година станаа родители на нивното прво дете односно ќерката Илина.

Оттогаш нивните приорети се променети, па често се прилагодуваат на потребите и на желбите на неколку месечната ќерка.

Набргу по породувањето, Сара се врати на своите активности, а нејзиниот сопруг и помага при чувањето на Илина.

Тие секој момент го користитат да бидат заедно и да уживаат во семејната хармонија.

Имено, парот заедно со Илина неодамна беа на излет на Козјак, па пејачката јавно се пофали со фотографии на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

Преубаво…. #чиствоздух #позитивнаенергија #февруариапролет #јагненцамајкини #илинаиатос❤️ #сараидиме❤️ #одврскафамилија? Само со @boramakedonija можам да бидам сигурна дека ќе одам на излет, а нема да се тревожам дали на Илина ќе и’ пропушти пелената, зошто ЗНАМ и ВЕРУВАМ во #моќнанега, а тоа се #бора пелените. #моќнамама #boramakedonija #заедносмепосилни #сараибора? #foreverinlove ♥️?????? #photocredit @vla.tkorski #nofilter #dadzver ?

A post shared by Sarah Mace (@sarahmace_official) on


Парот е поразличен од некои други личности кои не ги објавуваат своите деца, па така често на социјалните мрежи знаат да споделат фотографија и да се пошегуваат на нивна сметка.

Овој пат, Димитар објави фотка од Сара која во раце ја држи Илина, а во описот на фотографијата напиша:

„Детево од мало сфати со кого ќе си има работа… Sarah Kostadinovska за 4 месеци те прочитаа“, напиша водителот.

Сара не остана должна на објавата, па веднаш му врати во коментар.

„Среќа ти си тука, знае она и те чека да дојдеш, да ја средиш. Усрана до гуша. Поз. Кис. ?
П.С. Јас нема да пипам да не згрешам. Да не си има работа со мене, поарно ти ела“, прокоментира пејачката.

foto: Printscreen/facebook

Димитар во коментарите продолжи да се шегува со својата сопруга, па и постави линк од вест каде Индиец ги тужи родителите зошто го направиле, па тој се пошегува со Сара дека ако продолжи така тоа и на ним ќе им се случи.

foto: faceebook/dimitaratanasovski

Пејачката не остана должна, па се пошегува со коментар „Боже Господе, што читаш“.

foto: dimitaratanasovski/facebook

За потсетување, Сара и Димитар пред четири месеци ја добија Илина, а водителот присуствуваше на чинот на породувањето..

To top