Радио Милева празен плик, за сочен епитет

Димитар Атанасовски со празен плик покажа како штеди Сара Мејс: „Пари на страна“ за зимување на Златибор и „сочен епитет“ во само еден изустен збор (ФОТО)

Димитар Атанасовски со празен плик покажа како штеди Сара Мејс: „Пари на страна“ за зимување на Златибор и „сочен епитет“ во само еден изустен збор (ФОТО)

Познатата брачна двојка Сара Мејс и Димитар Атанасовски редовно се активни на социјалните мрежи и едно од ретките  јавни личности кои од јавноста не кријат како им тече секојдневието.

Нивните Инстаграм приказни често се богато наполнети како филмска екранизација со интересни случки со драмски заплет и расплет. А покрај видеото кое што говори и само за себе, задолжително има и дополнение со текст со кој на фановите она што се случувало, ќе им биде доловено во целост.

Овој пат Димитар сакаше да ја пофали и да покаже како  Сара се подготвува за зимување на Златибор, откако го пронашол пликот на кој пишуваше: „20.000 за Златибор“. Тој гордо се израдува и на видеото кое го постираше напиша: „Реално друго е кога ќе идеш вака со тргнати пари на страна на зимување“.

Но, наместо тоа си доби мало разочарување или си пронајде ни помалку ни повеќе туку чист и празен обичен бел коверт.

Откако сето тоа Димитар јавно го обзнани и ја разоткри сопругата „како штеди и колку е внимателна со парите“,  неговата сопруга дозна дека е провалена, па му го репостираше видеото и на објавата му напиша само еден сочен епитет:  „Се*ак“!  И ништо друго… Без долг текст со објаснувања и оправдувања.

А со тоа му отвори простор на сопругот во самоодбрана што жената ја „фатил“ на дело и ѕиркал каде што не треба да и возврати: „Секогаш недостатокот на аргументи тера на вреѓање“.

Кој навреден, кој со повредена суета, заради чепкање кај што не треба или изустен збор, сепак веселото семејство ќе зимува на Златибор.

Кавгата и не беше кавга, туку повеќе  шега, зашто најважно е од загаденото Скопје некаде да се бега, во случајов на зимски одмор на Златибор.  Добро ќе биде ако таму има снег, а и да го нема, убаво е на планина да се шета пеш, а за другото без гајле… На Златибор  примаат и картичка и кеш!

Фото: Принтскрин/Инстаграм/ dimitaratanasovski_

 

To top