На 14 февруари некои го прославуваат „Денот на вљубените“, а некои го прославуваат Св „Трифун“.
Оние кои го слават „Денот на вљубените“ за својот партнер или партнерка купуваат одреден подарок како знак на внимание и почит кон својот избраник/ избраничка.
Неколку дена пред тоа сите брзаат, размислуваат, се трудат да најдат оригинален подарок кој ќе ги израдува најмилите.
Меѓу нив се најде и македонскиот водител Димитар Атансовски кој побрза да купи подарок на својата сопруга, пејачката Сара Мејс.
Неговиот избор падна на долна облека од познат бренд.
Тој на „Инстаграм стори“ објави фотографија, а во описот напиша:„Обидувајќи се да го најдам совршениот подарок за „Денот на вљубените“.
Веруваме дека Димитар направил одличен избор и дека неговата сакана ќе се израдува на овој знак на внимание.
За потсетување, пред четири месеци Сара и Димитар станаа родители на нивното прво дете, ќерката Илина.