Божиќните празници се период кога сите сме дома со нашето семејство, па еден од најголемите христијански празници го поминуваме во семејна атмосфера и хармонија.
За Бадниковата вечер, домаќинката на куќата подготвува богата трпеза и лебче со паричка.
Некои од личностите од јавната сцена се пофалија кај кого се паднала паричката,а според верувањата оваа ќе им биде успешна година.
Водителот Димитар Атанасовски јавно се пофали како неговата сопруга Сара Мејс меси леб. Тој во кратките приказни на „Инстаграм“ објави фотографија на која се гледа како Сара ги „засукала“ ракавите и меси, а во описот на фотографијата напиша „Домаќинка е, нема заебанција“.
Од друга страна и самата пејачка се пофали дека се изненадила од своите кулинарски вештини.
Меѓутоа, ова не е првпат како Сера се покажува како добра домаќинка и одлична готвачка во кујна.
За потсетување, Сара и Димитар претходната година станаа родители на нивната ќерка Илина, а оваа година првпат заедно со ќерката славеа Бадник.