Само неколку дена откако ја исфрли во етерот својата најнова музичка тема со скокотлив наслов – „Only fans“ во која македонската (т)раперка Дијана – Оу-Џи во иста песна успеа да спои три јазици: Македонскиот, српскиот и бугарскиот, таа ја отвори душата за „блиски муабети“ со своте Инстаграм следбеници.
Дијана на своите Инстаграм приказни ги предизвика ситe што ги интересира се ‘ живо во врска со неа, да и поставуваат „прашања кои ги мачат“, а тие и возвратија со „рафална серија“… Од незгодни прашања, до комплименти и пофалби, па се до лични навреди… А во целата „стори приказна“ осамна и една интересна понуда, за која Дијана е се’ уште „на два ума“ и и’ треба време самата да се преиспита… Дали да ја прифати, се разбира!
Среќна или не после се’, знае само самата Дијана, која уште на почеток беше запрашана како е да бидеш среќен?
Со прашањата за сексот дојдоа и прашањата за „игрите за возрасни“ и колекцијата фетиши. За еден од нив, следбениците побараа мислење од Дијана, која пак им одговори со извадок од своите стихови. Можеби другите „кучки“ не знаат, ама затоа има кој знае, што е тоа „foot fetish“… Та биле тоа само пети(ци)!
А кога сме веќе кај сексот, во него ја прави убавината, а и ја разбива монотонијата промената на позите. Од целата „камасутра“ секој има своја омилена поза, па која и е најдобра ја прашаа и Дијана? Арно ама, секој има и своја тајна која најчесто ја открива само на одредено место… Вака можеме да раскажуваме само „басни“. За да дознаеш – претплати се на нејзината страница за возрасни!
Меѓу грстот пофалби и комплименти, прашања за музика и разно-разни музички правци, комбинации и дуети, следуваше и едно прашање за кое Дијана Оу-Џи требаша да даде свое мислење. Скопско Драчево со години е познато по прочуениот „драчевски кромид“, ама во последно време, очигледно и по нешто друго… Нешто што на Дијана и тоа како и се допаѓа! Барем така самата се изјасни и сликовто со емотикон тоа го покажа!
Кога си Дијана Оу-Џи мора да си подготвена со се’ и сешто да се соочиш. На сите коментари и прашања да имаш одговор, при тоа секој туѓ збор да не те погаѓа, колку кажаното и да не ти се допаѓа… Впрочем општеството наше да имаше смисла, немаше да биде волку… бесмислено. Убаво кажано, уште подобро смислено!
И конечно во целата „Инстаграм сторија“ осамна и една интересна понуда, за која Дијана е се’ уште се двоуми дали да ја прифати? Во прашање е влез во најгледаното регионално ријалити „Задруга 6“! Како што вели и самата, кој знае дали ќе има живци да издржи подолго затворена во такво опкружување, ама пак од друга страна, нема ништо против и идејата вреди за размислување?
Фото: Инстаграм принтскрин/iamdijana.og