Дијана Дурлевиќ е 20-годишна скопјанка која кариерата ја започна како млада поетеса со шест збирки поезија зад себе. Но нејзиното „второ јас“ ќе ја втурне во светот на музиката и естрадата, па така Дијана Дурлевиќ ќе стане Дијана ОГ која публиката ја препознава како траперката која е без влакна на јазикот, како во стиховите на своите песни, така и во изјавите и интервјуата што ги дава, а последниве месеци и во она што како фотосодржина го споделува…
Нешто поскромно на својот Инстаграм профил, многу поексплицитно и примамливо на нејзината „ОnlyFans“ страница за возрасни, каде ги нуди своите разголени фотографии, за чие отварање на „волшебната порта“, секако треба да се плати.
Она што Дијана Оу – Џи „гратис“ последно го понуди е нешто што е еден вид загревање пред да се одлучите да посегнете по џебот и ги „отворите портите“ на нејзината интима на споменатата „Онли фанс“.
Траперката дел од својот „ забранет“ фото репертоар знае да го понуди и на Својот Инстаграм. Се разбира само колку за да намами и привлече внимание на оние што се подготвени да платат за визуелно уживање во телесниот раскош на Дијана. А Кога Дијана ОГ ќе се појави, секогаш мириса на „беља“… како што вели една нејзина песна.
Овој пат младата убавица реши да сподели дел од понудата од својата „Онли Фанс“ страница на Инстаграм, зачинет со провокативна порака… И визуелна и текстуална!
Во клечечка поза, полугола, во мрежести хулахопки и само по танга, длабоко врежана во нејзината тетовирана секси задница, Дијана ОГ од падините на Водно понуди еротска пасторала со панорама на македонската метропола. Погледот на Скопје од Водно, оддамна не изгледал повозбудливо и… позгодно!
И сето тоа дополнето со текстуална понуда: „Во случај на твоето момче да му треба нов wallpaper“… на мобилниот!
Јадицата фрлена, а на мамецот веднаш загризаа многумина, па моментално се пофалија со сликичката што како наслована ја прикачиле на својот – „phone mobile“!
Меѓу нив и некои познати фаци!
Ова е само едно од скриените трикчиња што итрата пејачка – сопственичка на страницата за возрасни повремено ги користи за да привлече и намами нови „платиши“!
Како на пример „голиот рецепт“ за колач со портокал, каде зад сочните портокали се кријат уште посочните облини…
Или „(по)дај ми го пешкирчето“ молбата после туширање, каде пешкиречето е завиткано околу косата на од под тушот тукушто излезената Дијана, која гола, бара друштво во топлата бања…
Или можеби прашањето од постела, во која онака разголена по црвена секси долна облека, љубопитната Дијана прашува: „Будни?“
Ако сте будни, а доволно желни да бидете и „блудни“, сами под тушот со пешкирчето в рака или мераклии да се засладите или можеби сте повеќе по портокалите… кликнете кај Дијана ОГ и… веројатно нема да зажалите.
Во спротивно, читајте ја нејзината поезија и слушајте ги нејзините песни… белким подеднакво ќе ви бидат возбудливи и интересни!?
Фото: Инстаграм принтскрин/iamdijana.og