Радио Милева без ова не може...

Дијана Оу-Џи дефинитивно влегува во најгледаното ријалити: Македонската (т)раперка призна дека во „Задруга“ најмногу ќе и недостасува мобилен, интернет и… „еден лек“! (ВИДЕО)

Дијана Оу-Џи дефинитивно влегува во најгледаното ријалити: Македонската (т)раперка призна дека во „Задруга“ најмногу ќе и недостасува  мобилен, интернет и… „еден лек“! (ВИДЕО)

По сите можни и неможни нагаѓања, претпоставки и шпекулации кои се’ Македонци и Македонки влегуваат во новата, шеста сезона на „Задруга“ , сега едно е сигурно: Македонската (т)раперка Дијана Оу-Џи дефинитивно влегува во најгледаното регионално ријалити!

Најавите за незиниот влез уште летово беа обзнанети во јавноста и некои медиуми, за тоа пишувавме и ние во неколку наврати, но сега е јасно дека една од ретките наши естрадни личности кои се и горди сопственички на „Онли фанс“ страница за возрасни, ќе биде дел од најгледаниот ријалити ТВ циркуз на просторите на некогашна Југа!

Стартот на „Задруга 6“ е за неколку дена, па (т)раперката за оваа своја улога наголемо се подготвува, давајќи разни изјави, интервјуа, со разговори во различни медиуми, во кои отворено признава зошто решила да биде дел од една ваква реална приказна, што очекува, што би можела и сакала да направи во реалното шоу, а што никогаш и по никоја цена не би направила пред камери, што ќе и прија и годи и на какви се’ незгоди е подготвена, без што може, а без што никако не може, што тоа најмногу ќе и недостасува за време на престојот во „Задруга“…?

Дијана вели дека нема никакви очекувања, зашто кога човек нешто очекува може лесно да се разочара, дека во „Задруга“ можно е да влезе во љубовна врска, но не и во авантура со некого кој веќе имал некој однос со цимерките, а дека за секс пред камери е 100% сигурна дека нема да го има… Зашто тоа не би си го допуштила ниту себе си, ниту би им го приредила на нејзините најблиски!

Она што е најскокотливо и најнеизвесно, е одговорот на прашањето, без што во познатото ријалити, Дијана Оу – Џи не ќе може да издржи? Што тоа најмногу на пејачката ќе и недостасува во „Задруга“?

Одговорот на  Дијана на ова прашање, за многумина шокантен! До душа подоцна (т)раперката малку „го испегла“ откако кажа дека во „Задруга“ најмногу ќе и недостасува интернет и мобилен телефон, иако претходно Дијана јавно призна дека ќе биде „страдна“ за нешто сосема друго!

Имено, на новинарското прашање: „Што ќе ти падне тешко овде?“, Дијана отворено одговори: „Па не знам… Да немам трева“!

На тоа следеше новинарскиот коментар дали тоа значи дека отворено признава дека користи опијати, Дијана негираше со зборовите: „Опијати? Нееее… Тревата не е опијат, тоа е… Лек“  – потврдно одговори „тревоконзумната“ пејачка на констатацијата на новинарката.

@balkan.edisn5 srbijo… #fyp #zadruga #zadrugabalkan #zadruga6 #balkan #viral ♬ original sound – siu

Како и да е едно е сигурно. Во новата шеста сезона на најгледаното регинално реално шоу ќе биде мошне интересно… Особено, зашто овој пат ќе има повеќе македонски учесници, меѓу кои и познати личности како Дијан Оу -Џи.

А што најмногу таму ќе и недостасува: Интернетот, мобилниот, сексот или „лекот“…? Ќе дознаете во текот на емитувањето на новата сезона на „Задруга“!

 

Фото: Инстагрм принтскрин/iamdijana.og

Видео: ТикТок

To top