Дијана Дурлевиќ, талентирана македоска (т)раперка , која во моментов единстевната Македонка која е дел од најгледаното регионално ријалити Задруга 6“, со нејзината животна приказна расплаче многумина… И од ТВ гледачите и од учесниците во шоуто.
„Јас сум Дијана Дурлевиќ, алиас Дијана О.Г., доаѓам од Скопје. Ја баталив поезијата и почнав да се занимавам музика. Имав убаво детство бидејќи баба ми ме одгледа за 10 родители. Моите родители се разведени и се зависници, поточно тако ми кој има и криминално досие… Благодарна сум што ме израсна баба ми. Најмногу ме нервира кога некој ме прави будала. Ако некој ме задева, може да очекувате и физички контакт. Сакам мажи, но само се што е убаво е пријатно за око…
Се надевам дека оа ќе биде интересна сезона“ – ќе изјави Дијана при нејзиното претставување, иако детали за приказната за неа и нејзината животна судбина таа ја раскажа уште своевемено во едно од изданијата на естрадниот магазин „Бекстејџ“ (КЛИКНИ ТУКА).
Оваа 22-годишна скопјанка кариерата ја започнува како млада поетеса, а зад себе има објавено шест збирки поезија. Но , како што самата вели, од тоа неможела да заработува, па запознала друштво кое и го претставило светот на музиката и естрадата, па така Дијана во јавноста стана препознатлива како (т)раперката Дијана Оу – Џи, позната како артискта без влакна на јазикотво текстовите на своите рап песни, по дуетите со балкански артисти, една од ретките пејачки која има своја OnlyFans страница за возрасни, се работи кои асоцираат на Дијана Оу-Џи.
Деновиве Дијана беше прозвана од водителот на „Задруга6“, подетално да ја раскаже својата животна приказна, за судбината на дете на разведени родители, татко со криминално досие и зависник од опојни дроги, мајка со која не разговара и баба која ја исчувала, со која се’ уште живее и која и е се’ на светот.
Проследете во продолжение што раскажа за својата судбина и за себе Дијана ОГ пред камерите на најгледаното ријалити „Задруга 6“ (КЛИКНИ ТУКА).