Со заминувањето во Саудиска Арабија, Кристијано Роналдо доби неколку привилегии на сметка на строгите закони во таа земја, заедно со неговата невенчана сопруга Георгина Родригез.
Сепак, фактот дека тие не можат да одат против сите правила покажува и следниот случај кога Џорџина се облекла несоодветно за саудиските закони. Излегла на вечера со Роналдо и го прекршила кодексот на облекување со тесен фустан.
Georgina Rodrigues looking so wild and hot 🔥#georginarodriguez pic.twitter.com/dIvE3SThIZ
— Georginagio (@georginagio_bae) February 2, 2023
Наместо да го покрие целото тело, како што е закон во таа земја, Џорџина облекла тесен, проѕирен и краток фустан, со што го прекршила правилото и се соочила со дополнителна казна. Бидејќи ова и е прв прекршок, ќе плати казна од 100 риали, што е нешто повеќе од 25 евра. Ако продолжи да ги крши законите, ќе мора да плати двојно повеќе.
Фото: Принтскрин/Епа/Ефе/Твитер