Славниот актер Џони Деп беше во центарот на вниманието на фестивалот во Кан и тоа не само поради улогата во филмот „Jeanne Du Barry“.
Фотографиите од актерот како шета по црвениот тепих во вторникот брзо се проширија на интернет, а многу обожаватели се фокусираа на неговите „расипани“ заби.
Иако очекуваа да видат насмевка од милион долари, тие беа вознемирени и шокирани.
Освен жолтите, фотографите ги фотографирале и скапаните и црните заби на актерот, а се чини дека му недостигаат и неколку од нив, пренесуваат светските медиуми.
Милионските фанови веднаш се огласија на Твитер и ја коментираа насмевката на Деп.
„Зошто морам да гледам одблиску слики од забите на Џони Деп против мојата волја?“, праша еден корисник на Твитер, додека друг рече:
„Џони Деп едноставно изгледа како некој да му ги фатил забите и да ги обоил во црно“.
„Гледањето на таа слика од забите на Џони Деп едноставно ми го уништи расположението“.
фото:Инстаграм