Џенифер Лопез Денот на американската независност го помина во Хемптонс и со своите фанови на Инстаграм сподели неколку фотографии.
View this post on Instagram
Откако најпрвин во тиркизно сина долна облека на сите им посака убава недела, 53-годишната пејачка позираше покрај базен во розов костим за капење. Во истата објава покажа како ужива во разладениот пијалок и традиционалниот огномет.
– Се надевам дека сите празници ви се исполнети со љубов, забава, семејство и пријатели – изјави пејачката со фотографијата.
Розевиот костим за капење го „зачини“ со златен накит, обетки и ланче со нејзиното име, а од сонцето се сокри зад впечатливите очила за сонце Fendi.
Објавата им се допадна на повеќе од милион луѓе.
Нејзината објава ја лајкнале 1.187.846 луѓе за само 12 часа откако е објавена, а обожавателите во коментарите го пофалиле нејзиниот изглед.
„Изгледаш нереално“, „Убаво“ и „Треба да е злочин да изгледаш вака добро“, се само дел од коментарите на фановите.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/ЏејЛо