Џенифер Лопез во текот на гостувањето во „Kyle and Jackie O Radio Show“, кажа дека морала да се спознае себеси откако славниот пар се раздели во 2000-те години.
„Се заљубив во љубовта на својот живот претходно во животот, но поради којзнае кои причини, почувствувавме потреба да се разделиме“, објаснила Џеј Ло.
„Се разделивме, добивме деца со други луѓе и бевме во долги врски. Не планирав да му се вратам него“, вели Џеј Ло.
Да ве потсетиме, Лопез и Афлек ја започнале врската во 2002 година, а се вериле подоцна истата година. Меѓутоа, парот во 2004 година се разделил, откако една година претходно ја откажале венчавката.
Славната Џеј Ло прво се венчала за Марк Ентони во 2004 година, а заедно со него ги има близнаците Макс и Ема, а се развеле во 2014 година. Афлек пак бил во брак со Џенифер Гарнер од 2008 до 2018 година, а имаат две ќерки Вајолет и Серафина.
По години разделеност, Лопез и Афлек конечно повторно се споиле во 2021 година и се венчале во 2022 година.
„Мислев дека сум добро и дека го сакам својот живот, но сметам дека тогаш навистина ми се отвори универзумот и потврдив дека се подготвувам за она што навистина го сакам“, објаснила пејачката.
View this post on Instagram
„Не можев да верувам, а мислам дека ниту тој“, рекла таа и објаснила дека „тоа не е нешто кое го планирале“.
„Навистина продолживме со своите животи, но кога повторно се поврзавме, знаевме дека тоа е тоа“, објаснила таа.
Лопез исто така отворено зборувала за тоа како фактот дека станала мајка ја направила подобра личност.
„Откако се родија децата, на вистински пат од патувањето сум“, рекла пејачката и додала дека се обидува да биде подобра верзија од себеси и да биде најдобрата личност која би можела да биде „прекрасна мајка и прекрасен пример за своите деца“.
фото:Instagram printscreen/ jlo видео: You Tube/ Page Six