Радио Милева алергичен на медиуми

Џеј Ло блеска, а Бен Афлек бесен како рис: На црвениот килим тој дојде лут и нервозен, а ова е причината… (фото)

Џеј Ло блеска, а Бен Афлек  бесен како рис: На црвениот килим тој дојде лут и нервозен, а ова е причината… (фото)

Џенифер Лопез се појави на Греми 2023 година и „заслепуваше“ во гламурозен фустан на Гучи.

Латино дивата ја додели наградата за најдобар поп вокален албум, која ја освои Хари Стајлс.

Нејзиниот тегет фустан беше покриен со драматичен шлеп, шлиц до бутовите и кристален раб. Својот изглед го комплетираше со накит на Булгари и сребрени потпетици.

Откако го завршила своето воведување, Лопез се сместила на своето место со сопругот Бен Афлек, кој и подарил сладок бакнеж кога таа завршила со излегувањето на сцената.

Иако разменуваа нежности во првиот ред до сцената, Бен не изгледаше воодушевен што ќе ја придружува сопругата на гламурозниот настан.

Секој пат кога камерата се насочуваше кон Бен, актерот изгледаше скршено додека Џенифер разговараше со Двејн Џонсон и неговата сопруга Лорен Хашијан.

Да потсетиме, не е првпат Бен да не го крие својот анимозитет кон јавните настани и медиумското внимание. Во август беше виден со тажен израз на лицето, а не изгледаше најсреќно ниту на меден месец во Париз, каде што папараците го фатија како спие на брод.

Познато е дека Бен не е воодушевен од медиумското и јавното внимание кое го добива најмногу поради сопругата.


Исто така, минатото лето во Њујорк покажа лут израз на лицето, а ни Џенифер не можеше да го смири.

фото:ROB LATOUR / SHUTTERSTOCK EDITORIAL / PROFIMEDIA/ PHILLIP FARAONE / GETTY IMAGES / PROFIMEDIA/EMMA MCINTYRE / GETTY IMAGES / PROFIMEDIA/Rob Latour / Shutterstock Editorial  Profimedia

To top