Мегафон

Џаро ќе ја потпишува биографијата „Живот на коцка“ на Саемот на книгата

Џаро ќе ја потпишува биографијата „Живот на коцка“ на Саемот на книгата

За возбудливиот живот на менаџерот Велибор Џаровски- Џаро се раскажува во книгата „Џаро-живот на коцка“ чиј автор е новинарката Милица Џаровска, а е во издание на издавачкиот центар „Три“.
Овој вторник, 09 мај 2023 година на Саемот на книгата на Саемот на книгата во Арена „Борис Трајковски“, на штандот на „Три“, од 18 часот, Џаро и авторката ќе ја потпишуваат книгата која е негова биографија. Од првата „местенка“ која се случила во семејната куќа во населбата Ѓорче Петров каде што и денес живее, до необичната, но успешна соработка со најголемите музички и спортски ѕвезди од поранешна Југославија е раскажано во книгата за Џаро.

„Многу пати во јавноста сум ги споделувал моите приказни, но време беше да се стават и на хартија, тие и уште некои кои досега ги немам кажано. Мојот „живот на коцка“ не се однесува само на коцката, туку на начинот на кој го живеев во едно поинакво време, па затоа ѝ дозволив на ќерка ми да го стави токму овој наслов. Но, и денес иако побавно се движам, знам да им кажам на помладите: „Јас имам проблем со ногата, немам проблем со главата“. Ве чекаме сите на Саем во вторник“, изјави Џаровски. Книгата се продава во сите книжарници на „Три“ низ Македонија.

To top