Радио Милева бизарна храброст

Џаред Лето влезе во филм дека е Сапајдермен: Се качува по фасада носејќи влечки на нозете (видео)

Џаред Лето влезе во филм дека е Сапајдермен: Се качува по фасада носејќи влечки на нозете (видео)

Џаред Лето бил повторно снимен во бизарен потфат додека се качувал по ѕидот на хотел во Берлин и тоа во влечки. Истиот потфат се обидел да го изведе и во јуни оваа година.

Од причини познати само за актерот, тој имал втор обид да се качи по ѕидот на хотелот „Hotel de Rome“ облечен во сини влечки.

Ризикувајќи да падне на бетонскиот тротоар, 51-годишниот Лето успеал да се искачи на прозорот на првиот спрат од хотелот изграден уште во 19 век.

Ексцентричниот пејач и актер вниманието на јавноста го привлекол кога за првпат во јуни оваа година се обидел да го изведе истото качување на истото место.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by WHOOPSEE (@whoopsee.it)

Неколку дена подоцна, Лето го повторил ризичниот потфат за време на патување во Париз.

Неговата мотивација за овој потег и понатаму е непозната за јавноста. Некои сметаат дека акробацијата е дел од подготовките за негова нова филмска улога или музички спот.

извор:Инстаграм принтскрин/Whoopsee.it

To top