Македонскиот шоумен Игор Џамбазов беше гостин во најновиот поткаст кај Стефан Лазарав, а во повеќе од два часа опуштен муабет, Игор очекувано остана недокажан. Теми за разговот имаше за уште од неговото рано детство, па се до денес, а меѓу долгите разговори не беше заобиколен ниту неговиот последен и актуелен телевизиски прект „Преспав“. Прашања од гледачите за оваа тема имаше доста, а Џамбазов со дадените одговори ги задоволи сите. За почеток веднаш кажа дека седма сезона на популарниот македонски ситком ќе има многу набрзо.
-Преспав почнува со снимање на новата сезона и се планира да се заврши на почетокот на ноември и веќе во декември да почне со емитување. Ќе има и новогодишна која секогаш била атрактивна, истата екипа, многу добри сценарија, штом ние се смееме… Одеднаш губиш критериум кога си со истата екипа, значи треба да е ептен нешто добро за да се насмееме, вели тој и се надоврза дека „Преспав“ на некој начин направи револуција за рушење табуа и бариери.
-Знаеш… Преспав е серија која победи неколку за*бани предрасуди. Па еве, тоа за ЛГБТ тоа го дипломиравме, кој албански актер пред Дритон Вејсели или Талат го знаеш? Нема… Па зарем тоа не е рушење на бариери? Дури и него не му се верува. Предрасудите се и кај нас уметниците кои немаме никаква врска со политика, додава тој и се надобрза во врска со сценариото од ноевите емизоди кое ќе биде доста возбудливо.
-Преспав ќе биде хаос. Не знаат што да му прават, а оваа сезона ќе биде ексклузивен ресорт. Ула ќе биде главна, Марио и Тони се во кавга, Исаура е трудна од Талат. Преспав повторно се обидува да стане светски хотел, а не може да се помири со судбината дека е еден обичен пансион, завршува Игор.
За бате Миле не спомена ништо, но покрај толку детели кои звучат доста возбудливо, со нетрпение ги очекуваме и јасно е дека секој еден сегмент ќе биде причина плус за позитивна атмосфера во домот и се разбира многу смеа.
Разговорот за „Преспав“ можете да го слушнете од видеото на 2:40:45
фото: Instagram printskrin pansion prespav/ You tube Lazarov