Радио Милева
ја кажа вистината

Девојката на Виктор Живојиновиќ се огласи по написите дека раскинале: „Луѓе, не ме барајте“

Девојката на Виктор Живојиновиќ се огласи по написите дека раскинале: „Луѓе, не ме барајте“

Потенцијалната снаа на Лепа Брена, Сандра Миљковиќ се огласи по написите дека Виктор Живојиновиќ ја оставил по две години врска.

Таа ги прокоментира пишувањата и ја откри вистината.

„Многу не насмеавте со овие измислици. Луѓе не ме барајте, се е во најдобар ред. Секако дека не раскинавме“, напиша девојката на Виктор.

Потсетуваме, српските медиуми пишуваа дека Виктор и Сандра раскинале откако Живојиновиќ ги избриша заедничките фотографии од Инстаграм. Исто така шпекулациите се зголемија и откако Виктор објави дека е на одмор во Црна Гора додека неговата девојка уживаше на „Егзит“ во Нови Сад.

Инаку, Сандра и Виктор се две години во врска, а најавуваа и дека ќе прават голема свадба.

Останати вести од Радио Милева