Радио Милева најде мир

Девојката на Огњен Амиџиќ се повлече: По прозивките на социјалните мрежи Мина замина далеку од градската гужва (фото)

Девојката на Огњен Амиџиќ се повлече: По прозивките на социјалните мрежи Мина замина далеку од градската гужва (фото)

Огњен Амиџиќ и Мина Наумовиќ започнаа врска откако тој се разведе и наскоро ќе добијат бебе, но таа често добива негативни коментари за нивната врска.

Вчера девојката на познат водител ги сподели негативните коментари кои ги добила за „киднапирањето туѓи сопрузи“, а сега решила да се повлече.

Имено, Мина Наумовиќ се оддалечила од градската гужва сакајќи во мир да ги помине трудничките денови.

Таа на Инстаграм објави фотографија од природа, а јасно е дека сега и се допаѓа што е тука.

Мина пред неколку месеци на мрежите пишуваше за навредите кои ги добива.

– Веќе со месеци ги трпам најлошите навреди и закани поради медиумска кампања (намерно го користам тој термин) при која се шират еден куп лаги и во која ме претставуваа како негативец. Молчев, затоа што така избрав. Во петтиот месец од бременоста, повеќе не сакам ниту треба да бидам изложена на тоа, барем не на мојот Инстаграм профил. Се скрив зад камерите и се повлеков од јавниот живот затоа што во овој момент ми треба приватност и мир – напиша тогаш таа и додаде дека ќе блокира секој што ќе и пишува негативни работи.

Фото: Принтскрин/Немања Николиќ

To top