Актерот Милош Биковиќ деновиве престојува на Малдивите со својата девојка Ивана Малиќ каде уживаат во мир и рајско опкружување.
Имено, Милош и Ивана пред неколку дена ги спакуваа куферите и заминаа на уште едно егзотично патување.
Моментално тие уживаат на Малдиви, каде поминуваат време на плажа, со зајдисонца, шампањ… Колку е воодушевена од оваа егзотична дестинација, убавата Ивана ја покажува и на фотографиите кои ги објави на Инстаграм. Таа позираше на песочна плажа во костим за капење, го покажа виткото тело, рајот околу неа, но и школките кои ги собраа.
– Го имам најдобриот фотограф (кога сака) – напишала Ивана со една од фотографиите што ги направи познатиот актер.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/ivanamalic_