Струмичката модна блогерка и девојка на кумановецот Дарко Петковски-Спејко како и повеќето корисници на социјалната мрежа Инстаграм, не остана имуна, а да не ја проба играта од која следбениците може да и поставуваат прашање, а таа да одговара.
Повеќето познати или влијателни инфлуенсери на Инстаграм го профатија ваквиот предизвик и одговараа на разните прашања.
Така и Љупка, доби прашања како за изгледот, модниот вкус, килограмите, ќерките, но едно од прашањата баш ја изнервира, барем ако судиме по црвениот емотикон и црвените извичници на одговорот.
Имено, на Љупка и поставија прашање дали досега била секс девојка за една вечер? Одговорот гласеше „Никогаш!!!“
Освен тоа на нејзиниот прифил се најдоа и прашања од типот на тоа дали е за силиконски гради, на што кажа дека не ги сака, а пак на прашањето кога свадба, остави само срценце, без да му одговори на следбеникот.
Инаку, познатата струмичанка доби многу прашања,а на сите повеќе или помалку се потруди да им остави одговор.