Српскиот модел Билјана Дол гордо се пофали со длабокото деколте од кое вират нејзините сочни облини на најновата фотографија.
Девојката на бугарската фудбалска ѕвезда Валери Божинов, очигледно ги следи стапките на својата претходничка, бугарскиот топ модел Николета Лозанова, па смело прчејќи ги големите гради сместени во комбинезонот од црна тантела и витлери на главата, ја покажа својата бујна „силиконска долина“.
Српската манекенка досега ретко си дозволуваше да постира слични фотографии во јавноста, особено оние на кои е во долна облека, пишува “Бугарија денес”.
Сликата сепак ги израдува како навивачите на ХНК Ријека, актуелниот клуб на фудбалерот, така и следбениците на атрактивната бринета, зашто многумина од нив сметаат дека иако ги минала 40-те, таа се’ уште изгледа сексапилно.
Евидентно е дека откако се вљуби во Билјана, Валери преку ноќ заборави на „малите мачиња“ со кои воглавном се забавуваше пред да ја сретне Србинката.
Извор: Новините.бг