Холивудскиот актер Бред Пит неколку месеци ужива во љубовната врска со неговата девојка Никол Потуралски.
Бред наскоро ќе има нова парница поради старателството над децата од бракот со Анџелина Џоли.
Меѓутоа, новата девојка на актерот изминатиот период често на социјалните мрежи добиваше негативни коментари и напади, па иако досега не се огласуваше, сега таа се огласи им ја затвори устата на сите.
„Поздрав до сите. Се прашувам зошто луѓето оставаат злобни коментари на социјалните мрежи? Која е целта на тоа? Се обидувам да ја сфатам суштината на таков коментар“, порача Никол на Инстаграм.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/praktikuvaj-toa-shto-propovedash-sledbenicite-na-novata-devojka-na-bred-pit-ja-napadnaa-po-odgovorot-na-prashanjeto-dali-ja-mrazi-andzelina-dzoli-foto/