Денеска се одбележуваат девет години од смртта на Душан Љубисављевиќ, од некогаш мегапопуларното дуо „Дуле и Коки“.
Дуле почина на 23 септември 2013 година во Клиничкиот центар во Скопје.
Тој, заедно со својот другар Коки, обајцата штипјани, уште во студентските денови формираа дуо и нивните весели песни брзо ја освоија јавноста.
Со победата на Макфест во 1996 година со песната „Виолина и гитара“, дуото Дуле и Коки стана препознатливи, па следуваа успешни години на клубски настапи, нови хитови и живи свирки во многу кафулиња и дискотеки низ Македонија, кои се полнеа до последното место.