Во пресрет на Нова година и Божиќ, Амбасадата на Русија во земјава објавува нов детски ликовен конкурс „Зимска приказна“, посветен на традициите за овие празници во нашите две држави.
На конкурсот, кој е отворен до 30 декември, можат да учествуваат сите млади на возраст до 18 години.
Цртежите на наведената тема учесниците ќе можат да ги споделат на својот Фејсбук профил, кој треба да биде отворен и да го означат (тагнат) Фејсбук профилот на Руската амбасада или да ги испратат на е-mail на Амбасадата: [email protected] или на Фејсбук профилот на Амбасадата. Неопходно е да се наведат име и презиме, возраст, град на живеење и контактни податоци на авторот (телефонски број и e-mail).
Најдобрите цртежи ќе бидат објавени на официјалните страници на Амбасадата
и Россотрудничество. Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени на 13 јануари.
На победниците ќе им бидат доделени награди и подароци.
Сите заинтересирани повеќе информации можта да најдат на следниот линк: https://www.facebook.com/
Руската амбасада информира дека на претходниот конкурс по повод Денот на Русија – „Русија преку очите на децата“ учествуваче повеќе од 50 деца.
извор: Курир.мк