Македонската претставничка на овогодинешниот Детски избор за песна на Евровизија, Мила Москов, ги направи последните проби во Гливице, Полска.
Детската Евровизија ќе се одржи во недела на 24 ноември 2019 година, а нашата Мила Москов ќе настапи под реден број 4.
Македонија со недели котира меѓу 5 -те топ песни во евровизиските обложувалници, а и песната и видеото за „Fire“ наидоа и на многу позитивни коментари.