Сончевите денови, на моменти пролетни, остануваат зад нас. Северниот ветер што попладнево се очекува во Скопје, ќе го расчисти барем за кратко, загадениот воздух, но и ќе донесе студ. Зимата веќе е на прагот.
Утринските температури ќе се спуштат до -2 а дневните до 16 степени.
Викендот ќе се случи поголемиот пад на температурите. Минималните ќе се спуштат до -8 со евентуално поместување од 1 степен целзиусов, додека на планинските места пак ќе се спушти и до -10. Максималните дневни ќе се движат од 5 до 14 степени. Токму заради ваквата температурна вредност на планинските делови се очекува и снег од викендов.
Минималната температура утре ќе се движи од – 5 до 3 степени, во сабота од – 6 до 3 степени, во недела од – 5 до 1 степен, во понеделник од – 3 до 2 степени. Во вторник и среда ќе биде над 0.
Дневната температура утре ќе се движи од 5 до 14 степени, во сабота од 5 до 10, недела од 4 до 9 степени, во понеделник од 5 до 11, вторник од 7 до 12 степени и во среда од 10 до 16 степени.
Извор: Скопјеинфо.мк