Српската пејачка Романа Паниќ и агентот за недвижности Филип Мркајиќ се уапсени во Австралија поради сомнеж дека во текот на март и април ограбувале банкомати.
Како пишуваат медиумите, Романа и Филип биле во Австралија на основа на туристичка виза. Кога снемале пари одлучиле да се „снајдат“.
Тие поставиле уреди на три банкомати во Бризбејн, па на тој начин собрале податоци од 35 лица.
Полицијата изврши претрес во хотелот каде биле сметесни Романа и Филип, а таму биле пронајдени 23 500 долари украдени пари.
Уредот кој го поставувале на банкоматите им овозможил да ги снимаат корисниците без тие да знаат.
Романа е осудена на 12 месеци затвори, а по два месеци има право да излезе на условна слобода.