Се уште главна тема во регионалните медиуми е апсењето на Романа Паниќ и нејзиното момче Филип М. со кое ограбувале банкомати во Австралија.
Романа е осудена на една година затвор, а Филип на година ипол.
Во официјалниот документ кој го пренесува курир.рс стојат детали од сослушувањето на популарната пејачка и нејзиното момче.
Во судскиот извештај се наведува дека во моментот на апсењето во чантата на Романа биле пронајдени 5000 долари. Во тој момент таа изјавила дека не знае за што се работи и дека парите ги добила од Филип. Меѓутоа, надлежните органи сфатиле дека станува збор за лажна изјава. Имено, нејзиниот телефон бил долго време сослушуван, а полиција и пронашла преписки на Романа и жената од која го набавила уредот за банкоматите.
Таа жена била сослушена и потврдила дека Романа и Филип биле кај неа да го земат уредот. Таа признала дека нарачала уред за читање на картички бидејќи знаела дека Романа е позната пејачка во Србија, па можеби сака да направи концерт во Австралија и да ги наплатува картите преку тој уред. Во извештајот пишува дека Романа и Филип во Австралија влегле на 8 февруари, а визата им истекла на 8 јуни. Тие пристигнале во Бризбејн преку Мелбурн. Како се наведува, имале туристичка виза бидејќи сакале да патуваат по Австралија. Тие бргу останел без пари, па се поврзале со луѓе од Источна Европа и почнале да ограбуваат банкомати, пренесува курир.рс
Посебено е нагласено дека уредот кој го користеле бил софистициран и дека неколку недели никој не забележал дека е инсталиран. Романа и Филип се жалиле дека им се превисоки казните, но тоа не влијаело на судската одлука.
Паниќ и нејзиното момче добиле криминално досие во Австралија. Тоа значи кога ќе ја напуштат државата немат право повторно да се вратат.