Деновиве меѓу српската јавност се шират гласини за разводот на пејачот Амар Гиле од неговата сопруга.
Според пишувањата на медиумите пак, разводот нема никаква врска со друга жена и е резултат на меѓусебна недоверба и недоразбирање.
Сепак, кога ќе погледнеме назад, познатиот пејач изгледа беше најсреќен додека беше во врска со пејачката Александра Пријовиќ.
Патем, двајцата по финалето на „Ѕвездите на Гранд“ се скараа, наводно поради неговата поранешна девојка.
Само два месеци после тоа, сè се смени, а тие ја прекинаа врската и ставија крај на нивната љубовна романса. Подоцна Амар Гиле изјавуваше дека не би можел поради својата љубомора да издржи да има девојка која работи како пејачка.