Радио Милева најпосле, ќе биде ли вистинскиот?

Денот на заљубените сепак нема да го помине сама: Милица Тодоровиќ има ново момче (фото)

Денот на заљубените сепак нема да го помине сама: Милица Тодоровиќ има ново момче (фото)

Љубовниот живот на Милица Тодоровиќ е под лупа на јавноста речиси две децении, колку што таа е на сцената и не престанува да интригира.

Долго се шпекулираше со кого се гледа пејачката, а по раскинувањето со актерот Петер Стругар или беше исклучително вешта во криењето на приватниот живот или долго време беше сингл.

Сепак, таа повеќе не сака да ја крие својата љубов.

Според српските медиуми пејачката извесно време е во врска со извесен Лазар, поранешен модел кој моментално се занимава со тетовирање веѓи.

Голупчињата наводно се појавиле на забавата на Данијела Кариќ, на кафе во кафуле во српската престолнина, а сега беа фатени и на забавата на Жика Јакшиќ, водителот на музичкото шоу за возрасни , „Никогаш не е доцна“ .


Да потсетиме, Милица покрај со Петар Стругар се забавувала и со Ненад Јовановиќ, со кого се запознала на снимањето на натпреварот „Ѕвездите на Гранд“.

Пејачката јавно беше во врска со братот на Саша Ковачевиќ, Раде, а со него остана во добри односи и по раскинувањето на врската.

Фото: instagram printscreen/milicatodorovicofficial

To top