14-ти февруари, традиционално двоен празник… До душа однеодамна. Претходно, отсекогаш кај нас старите го славеле православниот празник посветен на светецот Свети Трифун, денот кога се закројуваат лозите, денот на лозарите… Подоцна саркастично наречен и „денот на пијаниците“ иако не е баш и така. Не така оддамна, откао станавме самостојна и суверена држава, барем на хартија, католичкиот празник Свети Валентин кој се празнува на иститот датум – 14 февруари, стана попривлечен, попримамлив, поекспониран, некако со голема помпа „натурен“ да се слави, особено кај младите, како празник наречен Денот на вљубените… Па така, сега на ист датум ги имаме двата празника споени во еден хибриден, познат како: „Денот на виното и љубовта“! Демек, тие две нешта најдобро одат заедно!?
Зашто како што велат, некој пие од среќа, некој од тага, а некој… уште од изутрина, ама тоа е друга приказна!
Денот на виното и љубовта некои го слават помпезно, на некои ништо не им значи повеќе од обичен ден, ама сепак многумина сакаат на некој начин да го одбележат. Социјалните мрежи се идеално место за тоа. По некоја логика, најмногу би требало меѓу нив да се оние „до уши вљубените“, ама ако го отворите денешниот Инстграм на пример, ќе забележите чуден феномен. Денот на вљубените како најмногу им недостасува на разведените и оставените?! Особено тоа може да се забележи кај некои од познатите и популарни личности!
Така на пример, Лила Филиповска иако оддамна официјално е „only the lonely“ или што би рекле „сингл“, е една од оние која прва ќе ја забележите меѓу црвените балони во облик на срце.
Со препорака каде и како вљубените можат да минат заедно една преубава вечер како што токму ова, која ја слави љубовта.
Дали и таа самата ќе го стори истото и со кого, не објасни.
Кумановската трендсетерка и тазе инфлуенсерка е и тазе разведена. Но, без оглед на тоа, Агнеса Органџиева не отстапува од тоа да ви порача да не го пропуштите Денот на вљубените. Да го прославите онака како што Агнеса ќе ви препорача, како да ја изненадите вашата љубов.
Дали и неа некој ќе ја изненади со многу повеќе отколку она што како изненадување на сликата го покажа и понуди, новопечената инфлуенсерка не обзнани.
Тамара Тодевска ја изненади јавноста откако кон крајот на 2022-ра објави дека се разведува. Оттогаш покрај тоа што е соло пејачка професионално, е соло дама и приватно. Или барем така засега се декларира. Но, затоа пак е една од најгласните што на Денот на вљубените ја протежира љубовта.
„Секој од нас сака да добива подароци, но и да подарува. Затоа што тогаш подаруваме љубов, внимание и среќа. Деновиве го одбележуваме Денот на љубовта, Свети Валентин.
Мене веќе почнаа да ми пристигнуваат подароци. А, посебно ми е драг овој подарок… Љубовта да ја покажуваме секојдневно и безусловно. Подарете нежност и убавина“ – споделила на својот Инстаграм, Тамара.
При тоа и таа не објаснува дали освен материјалните подароци од спонзорите, на подарок ќе добие празнична доза нежност и убавина… За Свети Валентин, но и секојдневно и безусловно…? И од кого?
Раскинувањето на врската помеѓу естрадно-љубовната двојка Антониа Гиговска и Иван Јованов во македонската јавност одекна како онаа на Пике и Шакира во светската. Како турска серија во продолженија… Во меѓувреме се случи што се случи, а дојде и Денот на љубовта и виното.
Случајно или намерно, како скриена порака или жал за Антониа, на својот Инстаграм, Иван објави еден кавер кој самиот го отпеал. Толку емотивно, што е дури и трогателно… „Заборави“ од „Тропико бенд“ звучи како реквием за една љубов… „Заборави дека соништата ти ги подарив, заборави зошто во нив веќе не си ти, заборави иако отсекогаш знаев, дека ќе ме оставиш“… се само дел од стиховите во рефренот на тажната љубовна балада, која силно одекна за Денот на вљубените на Инстаграм профилот кај пејачот на „Либеро бенд“.
View this post on Instagram
Ова е само дел од арсеналот на познатите… Списокот е долг, а во него понекогаш сме сите, иако од прикажаното се наметнува едно прашање:
Дали тоа Денот на вљубените најмногу да им недостасува на разведените и оставените? Не е лесно да си сам или сама или…Тоа само така изгледа заради реклама?
Фото: Инстаграм принскрин/jovanov_ivan/tamaratodevska/agnesaorgandzieva/lilafilipovska