Љубителите на класичната музика денес ќе имаат можност да уживаат во прекрасните звуци на пијаното, во изведба на две врвни пијанистки од нашиот град, професорките Татјана Божиновска и Билјана Димовска, во Офицерскиот дом во Битола, со почеток од 20 часот.
На програмата ќе бидат изведени дела од познатите балети на Петар Илич Чајковски:
1. Свита од балетот „Заспаната убавица“
· Introduction. La fee des lilas
· Adagio.Pas d’action
· Pas de caractere
· Panorama
· Valse
2. „Оревокршачка“
· Ouverture in Miniature
· March
· Dance of the Sugar-Plum Fairy
· Russian Dance (Trepak)
· Arabian Dance
· Chinese Dance
· Dance of the Flutes
· Waltz of the Flowers
Пијанистката Билјана Димовска има настапувано на повеќе значајни манифестации во нашата земја: „Денови на македонската музика”, „Скопско лето”, „Битолско културно лето” „Хераклејски вечери“, „Прилепско лето“, „Денови на полската култура во Македонија”, „Музички вторник“, “ Златна лира”, „Интерфест“ – Битола. Добитник е на повеќе државни и меѓународни награди: I награда на Интернационалниот натпревар во Бугарија „Нашите деца го свират Бах”; Специјална награда „Стефан Трајанов“ на истиот натпревар. Од 2000 год.е вработена е во Државното музичко училиште во Битола како професор по пијано.
Пијанистката Татјана Божиновска има одржано повеќе концерти и рецитали: Бугарија, Србија, Романија, Франција, Италија, Америка, Хрватска, Австрија, Норвешка, Полска, Турција. Настапила како солист со Македонската филхармонија и со Битолскиот камерен оркестар. Во 2006 е добитник на највисокото битолско признание „4 Ноември“ – како член на триото „Интерарт“. Од 2002 год. е вработена е во Државното музичко училиште во Битола како професор по пијано.
Дуото пијано во состав Татјана Божиновска – Билјана Димовска работи заедно од 2009 год. и на својот репертоар има програма од барок до модерна музика. Има одржано повеќе рецитали низ земјата: Битола, Ресен, Прилеп, Охрид, Скопје, Штип, Гевгелија, и на фестивалите: „Интерфест”- Битола (2009, 2020), „Битфест” – Битола (2011, 2013, 2018), „Златна лира”- Скопје (2011, 2021), „Прилепско културно лето” – Прилеп, „Музички моменти” – Гевгелија.
Во 2013 година го снимаат и своето прво CD.
Извор: Канал 5