Најпознатиот срспки тенисер Новак Ѓоковиќ денес ужива во брак со Јелена Ѓоковиќ која го следи на натпреварите и го бодри својот сакан.
Лидија Поповиќ позната како Леди Ли, пред десетина години била во кратка, но слатка врска со Новак.
Пејачката и денес најбараниот женски ди- џеј била два месеци во врска со славниот тенисер, пред да ја запознае сегашната сопруга Јелена.
„Кога се запознаа, Лидија и Новак ја одржуваа врската на релација Белград – Нов Сад. Таа му беше симпатија на Новак и тој беше многу заљубен во неа. Но, нивната љубов беше само платонска. Ноле поради тениските натпревари патуваше ииз целиот свет, но се трудеше да биде во контакт со Лидија, вели извор.
Додека се забавувале, Ноле играл натпревари во Венеција, Париз од каде што и праќал љубовни пораки.