Радио Милева семејство

Деми Мур се огласи по промената на тестаментот на Брус Вилис тежок 250 милиони (фото)

Деми Мур се огласи по промената на тестаментот на Брус Вилис тежок 250 милиони  (фото)

Веста за битката на Брус Вилис против афазијата го потресе целиот свет, особено откако дозна дека актерот потоа ќе мора да се пензионира.

Вилис секојдневно се бори со проблемите што ги носи оваа болест, а тој има среќа околу себе да има семејство кое го сака и поддржува. За распределбата на неговото богатство веќе почна да се зборува, а светот остана шокиран кога беше објавено дека неговите ќерки, што актерот го доби од бракот со Деми Мур, ќе добијат само по 1 милион долари во споредба со проценетата нето вредност на Брус Вилис од 250 милиони долари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demi Moore (@demimoore)

Дека одлуката на актерот не влијаела на нивното семејство потврди и сликата што ја објави Деми. На фотографијата го гледаме познатиот актер Брус Вилис со неговата сегашна сопруга Ема Хеминг Вилис и неговата поранешна сопруга Деми Мур, кои се една до друга, како најдобри пријателки.  Тука се и ќерките што Вилис ги имаше во тие два брака, Румер, Скаут, Талула, Мејбел и Евелин.

-Ние сме семејство – напишала Деми Мур покрај фотографијата и додала дека во нивниот дом владее вистинска празнична атмосфера.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Деми Мур

To top