Радио Милева непристоен предлог

Деми Мур ја издаде својата автобиографија: „На 15 години, мајка ми му дозволи на туѓинец да ме силува за пари“

Деми Мур ја издаде својата автобиографија: „На 15 години, мајка ми му дозволи на туѓинец да ме силува за пари“

Холивудската актерка Деми Мур открива многу темни моменти од својот живот во својата автобиографија „Inside Out“, којашто ќе излезе во продажба денес, 24 септември 2019 год. Од извадоците што излегоа во јавноста се откриваат само неколку подробности, но доволно за да се заклучи дека нејзината животна приказна може да биде основа за холивудски филм.

Имено, глумицата раскажува како кога била тинејџерка, мајка ѝ „ја влечела“ по ноќни барови, „за мажите да ја забележат“. Така, кога девојчето имало едвај 15 години, мајка ѝ прифатила непристоен предлог од непознат човек. За 500 долари ја натерала Деми да спие со него.

 

Тоа беше силување и предавство… Се договорија да ѝ плати отпосле… Но и покрај тоа, таа  му дозволи пристап до мене. А, тој потоа и ме повреди, вели Мур. Во книгата, актерката раскажува и за своите неколку обиди за самоубиство.

To top