Радио Милева

Деми Мур е во љубовна врска со позната српска дизајнерка?

Деми Мур е во љубовна врска со позната српска дизајнерка?

По три неуспешни брака, актерката Деми Мур наводно е во љубовна врска со жена, а двете заедно одгледуваат девојче.

Според пишувањата на американските медиуми, педесет и шеест годишната актерка е во врска со српската дизајнерка Маша Манџука. Нивната врска започнала пред две години.

Извор близок на Деми изјави:

„Кога се сами се многу интимни, се држат за рака, а Деми е како друга мајка на ќерката на Маша“, вели изворот.

Двете се честа мета на американските фоторепортери кои забележале дека Деми во својот автомобил вградила детско седиште.

 

View this post on Instagram

 

White sensation, yes or no? #goodmorning

A post shared by Demi Moore ? (@demimooreofficial) on

На познатата дизајнерка на друштвените мрежи и пишува дека е во врска, а често зборува за Деми.

Маша претходниот Божиќ го прославила со Деми, ќерката и поранешниот сопруг Брус Вили.

Српските медиуми во август 2017 ја фотографирале актерката која тајно го посетила Белград, а се забавувала на еден познат сплав заедно со „блиската пријателка“:

„Во сабота свиревме за Деми Мур на еден сплав. Дојде во големо друштво, па се најде и нејзината пријателка Маша. Одлично се забавуваа и остана цела вечер“, изјави тогаш фронтменот на групата „Блек пантерс“.

Дали навистина се во љубовна врска останува да видиме.

To top