Познатиот фудбалер Дејвид Бекам, како и остатокот од неговото семејство, секогаш го привлекуваат вниманието на јавноста.
Без разлика дали тоа е неговиот однос со сопругата Викторија, љубовниот живот на синот Бруклин или неодоливата Харпер, ова семејство е во фокусот на медиумскиот интерес.
Дејвид сега одлучи да им покаже на сите како гледаат неговите родители, кои не се појавуваат во јавноста со него.
Ги прегрна родителите и со гордост ги претстави на светот.
Од приложеното и со оглед на нивната возраст, не може баш да се каже на кого повеќе личи.
View this post on Instagram
Nice dinner with mum & dad plus watching United win again last night @manchesterunited ?⚪️⚫️
Неговата мајка, Сандра Георгина, работела како фризерка во Лондон, додека неговиот татко во кујна. Тие се големи љубители на фудбалот, а токму татко Дејвид Едвард Ален бил оној кој му ја всадил љубовта на синот кон фудбалот.
Инаку, фотографијата е направена откако биле на вечера по натпреварот на Манчестер Јунајтед.