Популарната турска актерка Елчин Сангу или попозната како Дефне од хит серијата „Вљубениот ерген“, моментално работи на нов проект, односно снима нова серија.
Таа во филмот има улога на вампирка, а токму поради тоа што треба да изгледа бледо, каква што е и природно, мора да почитува одредени правила.
Имено, режисерот на серијата и забранил ова лето да се појавува на сонце, особено на плажа за да не потемни нејзиниот тен и да биде достојна вампирка за улогата.
Инаку, по завршувањето на „Вљубениот ерген“ таа го снимаше играниот филм насловен „Време за среќа“ каде глумеше со Бариш Ардуч, а имаше улога на вајарка.