По три години конечно е финализиран разводот на Џенифер Гарнер и Бен Афлек. Веќе ги предале документите пред неколку дена, а веќе не се разделени, туку службено разведени, пишуваат странските медиуми.
Ниеден од нив немал адвокат, туку најмиле само една личност – Лаура Васер која ги водела преговорите.
Се договориле и за заедничко старателство над своите три деца. Виолет, Серафин и Самуел, а за нив да не им падне тешко, ќе посетуваат терапевт барам шест месеци.
Иако немале предбрачен договор, немало проблеми околу поделбата на имотот.
Гарнер и Афлек се споија за време на заедничкиот филм „Daredevil“ од 2003 година, а раздвоено почнаа да живеат по десет години брак, наводно поради неверствата на Бен.