Џенифер Лопез и Алекс Родригез сепак ја раскинале свршувачката и покрај нивниот обид да ја спасат врската.
Неодамна исто така се пишуваше дека парот ја раскинал веридбата, но тие се огласија по повод овие пишувања истакнувајќи дека се заедно и се трудат да работат на својот однос.
Сепак, дефинитивно е крај меѓу познатата двојка. Тие во соопштение за медиумите потврдија дека повеќе не се заедно.
„Сфативме дека сме подобри како пријатели и се радуваме што и понатаму ќе останеме пријатели. Ќе продолжиме да соработуваме и да се подржуваме во заеднички проекти. На нашите деца и на себе си посакуваме се најдобро.. Од почит кон нив, единствено што можеме да кажеме дека е благодарам на сите кои ни упатија убави зборови и поддршка“, порача бившата двојка.
Двојката беше во врска повеќе од четири години, а пред две години пензионираниот спортист клекна пред пејачката и ја запроси со прстен вреден пет милиони долари.