Мегафон
детски евросонг

Децата од „Дајте музика“ Кристина, Анастасија, Миха и Филип на „Детска евровизија“ ќе ја претстават Македонија со песната „Green forces“

Децата од „Дајте музика“ Кристина, Анастасија, Миха и Филип на „Детска евровизија“ ќе ја претстават Македонија со песната „Green forces“

Како што претходно веќе објавивме, децата од многу популарната емисија „Дајте Музика“ се избрани од МРТ да ја претставуваат  Македонија на Детската Евровизија.

Денес, МРТ откри кои точно членови ќе ја претставуваат земјата во Франција, а тоа ќе бидат четири: две девојчиња (Кристина и Анастасија) и две момчиња (Миха и Филип). И тоа не се сите новости што ги имаа, тие го открија и името на песната што ќе ја пеат! Се вика „Green forces“!

За да ја слушнете песната, ќе треба да почекате уште малку, но дополнителни информации се ветени дека ќе следат наскоро.