Откако во летото 2009 година кралот на попот ненадејно се замина во вечноста, неговите деца речиси и не сме ги виделе во јавноста.
Парис Џексон почна поинтензивно да се појавува пред две години, кога го сними својот деби албум, додека од Принс и Бланкет речиси и да немаше ни трага ни глас.
Но, откако оваа сезона на Бродвеј се играше претставата „MJ the Musical“, Парис и Принс се почесто шетаат заедно на црвениот тепих.
Минатиот викенд тие им позираа на фотографите пред 75-тото доделување на наградите „Тони“ во легендарниот Radio City Music Hall во Њујорк.
Имаа и добра причина – Мајлс Фрост, кој во популарниот мјузикл на Мајкл Џексон ја освои наградата за најдобар актер. Доби ласкаво признание, а присутните имаа единствена можност да ги видат децата на музичката икона.
фото:Guliver/Getty Images