Радио Милева само детска игра или...?

Децата на естрадните ѕвезди мета на сајбер криминал: Малолетните ќерки на Здравко Чолиќ, Наташа Беквалац, Харис Џиновиќ, Анабела Атијас, Душица Јаковљевиќ… на удар (ФОТО)

Децата на естрадните ѕвезди мета на сајбер криминал: Малолетните ќерки на Здравко Чолиќ, Наташа Беквалац, Харис Џиновиќ, Анабела Атијас, Душица Јаковљевиќ… на удар (ФОТО)

Малолетните ќерки на Наташа Беквалац, Здравко Чолиќ, Харис Џиновиќ, Анабела Атијас и Душица Јаковљевиќ биле мета на компјутерски криминал, па токму затоа овие славни личности веднаш реагираа, некои дури и до надлежните органи.
Непознато лице отворило профил на кој секојдневно се објавувале фотографии од малолетните деца на познатите личности, со опис каде одат, каде се движат надвор, во кое училиште учат, со кого се дружат и што е најлошо, адресите каде живеат. Ќерката на водителката Душица Јаковљевиќ била прва на мета, со чија фотографија беше откриено во кое училиште оди и каде живее, што ја шокирало водителката.

„Ќерка ми ми покажа што објавиле! Отпрвин мислев дека профилот е приватен и го направил некој од нивното друштво како заеднички. Бев шокирана кога видов дека некому му паѓа на памет да украде слики од малолетно дете и да ги постави на јавен профил, со опис на движењето и местото на живеење. Буквално беше направен туторијал за тоа како да се дојде до моето дете“ – ќе рече шокираната водителка и додава:

<„Веднаш реагирав, им испратив порака, по што го избришаа профилот. Ќерка ми ми рече дека станува збор за деца. Колективната незаинтересираност за такви работи може да чини некого многу скапо, моето дете, но и сите други деца. Не сме свесни колку Инстаграм и социјалните мрежи се плодна почва за криминални дејаниа и активности. Оние кои го објавија тоа несвесно се ставија во ситуација да бидат соучесници во некое кривично дело“.

Ниту ќерката на Наташа Беквалац не била поштедена од лишувањето од правото на приватност, па тие дури и објавија име на нејзината симпатија под нејзината фотографија, како и информации за тоа каде живее, што ја принуди поп-sвездата итно да реагира и да им се обрати на основачите на тој профил.

„Веднаш реагиравме, веднаш штом добивме информација дека е објавена фотографијата. Тоа беа деца и тие ја затворија страницата. Ние нема да ги гониме“ – соопшти Беквалац преку својот ПР.

Мелина Џиновиќ, сопругата на Харис не сакаше да ја коментира новонастанатата ситуација. Здравко Чолиќ досега не се огласи по овој повод.

На споменатиот профил се нашла и Нина Ѓогани, помалата ќерка на Анабела Атијас и Газменд Гаги Ѓогани, со фотографија и објава дека има провокативна уста и е привлечна, што предизвикало другите корисници да остават недолични коментари.

Откако познатите родители брзо реагирале и побарале да бидат тргнати фотографиите од нивните деца и сите информации за нив, основачот, очигледно исплашен од последиците што може да ги има, брзо ја затворил страницата.

To top