Мегафон фестивалски победници и награди

Дебитантот Александар Тодоровски со „Под исто небо“ победи на „Макфест 2021“

Дебитантот Александар Тодоровски со „Под исто небо“ победи на „Макфест 2021“

36-то издание на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2021“ се одржа изминатиов викенд во Штип на отворено, на просторот на  Аквабела ресорт.

Победи младиот дебитант Александар Тодоровскисо песната „Под исто небо“, додека втoрото место го освои Мартинијан Кириловски со „Вистина“, а третопласирана беше Марија Данева, која ја зеде и наградата за најдобар сценски настап за изведбата на „Твоја“.

Фестивалот беше поделен во две вечери – првата во која настапуваа дебитантите и втората финална, во која првите пет од полуфиналето им се придружија на финалистите.

Во втората вечер освен петте композиции од првата вечер, на сцената на „Макфест“ публиката и тв гледачите ќе имаат можност да ги погледнат, Пепа Димитрова, Александра Јанева, Роберт Билбилов, Интервали, Лара, Мартинијан Кириловски, Ѓоко Таневски и уште многу други познати македонски изведувачи.

Покрај тројцата првопласирани, награди добија уште и Лазар Цветковски за најдобар аранжман за композицијата „Денот што ми носи“ на Александра Јанева.

Лара Иванова се закити со наградата за најдобра интерпретација за темата „Душа“, додека Калина Велковска  која ја изведе „4“ беше прогласена за најдобар дебитант на фестивалот.

Водители за прв пат на „Макфест“ беа Ведрана Ѓорѓевиќ и Миро Кацаров, кои не се снајдоа баш најдобро во оваа улога, оставајќи неинвентивен и блед впечаток на фестивалската сцена.

 

 

To top