Водителката Деа Ѓурѓевиќ одејќи рано изутрина на работа доживеа несреќа пред точно две години и се здоби со тешки повреди, кога градски автобус и ја откина раката која потоа со сложен хируршки зафат и беше реконструирана.
По тој повод таа сега се огласи на Инстаграм каде сподели фотографија од болницата, па истакна дека знаела дека ќе ја добие оваа битка.
„7-ми февруари 2019 година и 7-ми февруари 2021 година. Јас сè уште се борам. Уште со насмевка на лицето. И така ќе биде засекогаш. Тој ден сè се смени. Чувствував болка во најситните пори на моето тело, а не можев да мрднам ниту милиметар. Само да трепнам и да се насмеам. И се смеев на смртта во лице, затоа што знаев дека ќе ја победам. И ја победив. Сега се обидувам да се победам себеси и да напредувам секој ден, да научам нешто ново и своето физичко и ментално здравје да го вратам во нормала“, вжпипува Деа и додава: „Среќна сум. Јас сум жива. Затоа што само вистинските кралици ја претвораат болката во моќ“, напиша таа, по што доби бројни пораки на поддршка.