Водителката на „Пинк“, Деа Ѓурѓевиќ пред два месеци доживеа тешка сообраќајна несреќа во која автобус и ја откина раката.
Денес, по два месеци ја напушти Воената медицинска академија и е префрлена на ортопедија на Клиничкиот центар.
По несреќата, Деа првпат се огласи преку социјалната мрежа „Инстаграм“.
„Ова е моја единствена објава и изјава досега. Од несреќата не се обратував. Ги замолив моите пријатели и колеги новинари за трпение за колегијаност бидејќи нема да давам изјави. Ви благодарам“ напиша Деа во описот на фотографијата и се заблагодари на стручните лица.
За потсетување, утринава со Брза помош и медицински лица, Деа била пренесена на Клиничкиот центар.