Водителката на „Пинк“, Деа Ѓурѓевиќ на 7 февруари претходната година доживеа тешка сообраќајна несреќа во која автобус и ја откина раката.
На 7 февруари 2019 докторите се бореа за животот на водителката, а операцијата траеше 5 часа.
По бројни операции и терапии Деа успеа да се врати на малите екрани.На годишнината од несреќата, Деа на својот „Инстаграм“ објави невидена фотографија од периодот кога лежеше во болница.
Таа во објавата им се заблагодари на сите оние кои ја чувале и поддржувале.
„На ВМА денес е оперирана пациентката Д.Ѓ.(1991), а операцијата траеше околу два часа, сооопштение на ВМА 07.02.2019“ , почнува Деа и продолжува:
„Пред една година започна мојата најголема животна борба. Кога се пробудив од анестезија, сфатив дека сум во ринг и дека ја добив првата рунда. Да имам рака ми помогна докторот Марко Бумбаширевиќ и неговиот тим, а за да ми чука срцето, да ми функционираат белите дробови, кичмата, да можам да ги движам нозете, ми помогнаа останатите доктори од ВМА. Другата рунда беше тешка, но и долга. Моите тренери, мојата мајка, мојот Младен и мојата баба ми даваа сила и совети за понатамошната борба. А најголема поддршка ми беа најдобрите пријатели, Пинк на чело со Жељко Митровиќ, Милица и Горан Гмитриќ кои ми даваа енергија и храброст, како и сите кои не ги познавам. Ви благодарам за тоа. Без вас немаше да бидам жива. Сега е третата рунда, болно оздравување и враќање во нормалниот живот. Ја победив смртта. Ја победивме смртта. Ви благодарам за тоа“ напиша водителката на „Инстаграм“.
На 07 февруари претходната Деа имаше судир со друг автомобил Таа излезе од својот автомобил за да се договори за возачот што да прават. Во тој момент на неа налета автобус и ја откина раката.