Радио Милева

Деа Ѓурѓевиќ и понатаму води битка за нормален живот: Водителката на „Пинк“ прати моќна порака од болница

Деа Ѓурѓевиќ и понатаму води битка за нормален живот: Водителката на „Пинк“ прати моќна порака од болница

Водителката Деа Ѓурѓевиќ се уште оздравува во болница од тешката сообраќајна несреќа во која автобус и ја откина раката.

Покрај неа постојано се нејзиниот свршеник Младен Мијатовиќ и нејзината мајка Нена Додевски.

Деа имала неколку интервенции на раката, а поради повредите се уште се наоѓа во болница.

Иако помина еден ипол месец од сообраќајката, Деа не престанува да биде позитивна.

Таа се огласи на социјалните мрежи и прати моќна порака до нејзините следбеници.

„Научив дека храброста не е отсуство на страв, туку дека е победа над него. Храбар човек не е оној човек кој не чувствува уплашено, туку оној кој го надмина стравот“ напиша Деа.

фото: принтскрин/инстаграм

За потсетување, на 6 јануари Деа тргнала на работа кога автобус удри во водтелката и ја откина раката.

To top