Водителката Деа Ѓурѓевиќ редовно применува физикална терапија за целосно да се опорави од повредите што ги доби во сообраќајната несреќа која се случи во февруари годинава.
За време на последната терапија во која била, Деа се фотографираше без завој на раката и сега за прв пат по несреќата се ослободи од теретот кој го имаше откако автобус и нанесе тешка повреда, кој потоа успешно беше оперирана.
Деа ја објавила фотографијата на Инстаграм, а сите веднаш забележаа дека таа има голема причина за да биде среќна и насмеана.
Водителката е видливо расположена и како што постојано потенцираше, оптимизмот не ја остави дури и кога ги минуваше најтешките моменти.